Инспирирај се за промени

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 111 | Димензии: 13x20 | Корица: /

„Секој има своја приказна. Секој има свој пат, со свои предизвици, со угорнини и падови. И мојата е таква, не е права монотона линија. Во животот поминав многу предизвици. Ако ми кажеш дека нешто те боли, те разбирам, ме болеше и мене, многу. Ако ми кажеш дека те отфрлија, те разбирам и знам како ти било. Ако ми кажеш те повредија, те навредија, пак ќе те разберам, и тоа им го дозволив. Ако ми кажеш дека некого изгуби, знам како ти е, и јас изгубив.Знам што е болка, знам што е тага, знам што е отфрленост. Но знам и што е храброст,  упорност и борба за подобро јас од тоа што бев вчера. Никогаш не се откажав, се борев на начин на кој знаев. И секогаш во сè давав 100 %“, вели авторката на оваа книга.Книга што ќе направи магични промени во вашиот живот...Книга што ќе ви помогне да го откриете вашето скриено богатство, кое лежи во вас и чека на вас...Уживајте во магичните приказни и поуки со Мила Виклео за подобар и посреќен живот. „Книга што ќе ви помогне да ја креирате вашата незаборавна животна приказна.“Коста Петров (најчитан македонски автор, основач и извршен директор на Пи ворлд, глобална креативна агенција основана во Македонија) „Во денешно време, како никогаш досега, потребни ни се лица што го чуваат пламенот на верата и оптимизмот. Кога сè ни изгледа дека се руши, кога црните облаци од животниот товар се спуштаат на нашите глави, магичните приказни и поуки од  чудесната Мила Виклео можат да нè заштитат, можат да ни помогнат и да ни го отворат патот. Магични приказни што преку нашата фантазија нè водат кон остварување на сонот на нашето срце.“Иван Лапчевиќ (Белград, Србија, врвен светски спортист, тренер, терапевт, автор и основач на повеќе методи за креирање на себеси)
Рангирано 5 од 5 според 3 рејтинзите на корисниците

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Инспирирај се за промени

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-264-9

Questions and Answers

You are not logged in