Семејството на Симон
Во нејзиниот прв интернационален бестселер, Маријане Фредриксон брилијантно ни прикажа три генерации на шведски жени и мажите во нивните животи. Во овој роман ни ја прикажува неуништливата врска меѓу мајка и син и значењето на семејството, преку сликање на емотивен пејзаж од растреперени души и неуморни срца.
Уште во своето детство, Симон Ларсон имаше чувство дека нешто од неговото минатото не се совпаѓа. Пространото море што ги удира шведските брегови му буди чувство на осаменост и потреба за конекција и слобода. Но слобода од што? И зошто Симон се чувствува толку осамено кога има прекрасно семејство што го сака? Неговата мајка, Карин, е глава на куќата, и личност која секогаш е подготвена да помогне. Ерик, татко му, живее за едноставниот сон, еден ден да има бродоградилиште. Историјата ги присилила овие луѓе да кријат страшна тајна од Симон – еден ден, ако тајната се открие, може да ги уништи нивните животи. Додека Втората светска војна фрла сенка на Европа, а Ерик го регрутираат во борба, Симон склопува необично пријателство со неговиот соученик, евреинот Исак Лентов. Ова пријателство засекогаш ќе ги промени нивните животи и ќе ги спои нивните семејства изложени на срам, предавство, војна и лудило.
Но нештата се менуваат и никој нема да остане ист...
Оценки
Сѐ уште нема оценки.