Подарокот од Хамболт
Подарокот од Хамболт, е роман за кој Белоу првично имал намера да биде краток расказ. Ова е роман со клуч и во него се зборува за односот на Белоу со поетот Делмор Шварц. Оваа приказна живописно ја истражува променливата врска на уметноста и моќта во материјалистичка Америка. Оваа тема е вметната низ спротивните успеси во кариерата на двајцата писатели, Фон Хамболт Флајшер (или точна верзија на поетот Шварц) и неговиот протеже Чарли Ситрин ( или точната верзија на самиот Белоу). Флајшер копнее да го издигне американското општество преку уметноста, но умира во неуспех, а додека пак Ситрин заработува многу пари како писател, особено од претставата на Бродвеј, по која се снимил и филм, во кој главниот лик е олицетворение на Флајшер.
Риналдо Кантабиле, исто така, е забележителен лик во овој роман, кој всушност се замислува дека е некаков си гангстер и се обидува да му се наметне како пријател на Ситрин на начин на кој неговиот ментор некогаш го посоветувал никако да не го прифаќа...
Оценки
Сѐ уште нема оценки.