Романса во малото гратче
Автор:
Григориј Канович
Издавач:
Прозарт паблишинг |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Mestechkovi romans |
Бр. на страни:
471 |
Димензии:
20 см
|
Корица:
мека
„Романса во малото гратче“ е реквием за предвоените Евреи, за луѓето и начинот на живот кој беше трагично уништен. Автобиорафскиот роман е сместен во мало местенце во Литванија во пресрет на Втората светска војна, родно место на писателот. Воден од споменот на неговата сакана мајка, маестралниот раскажувач нè шета низ средината на својот маѓепсан семеен свет, рекреирајќи го минатото кое е неповратно уништено. Канович живо се сеќава на неговото родно место, на политичката криза од 1930-тите, на богатите трговци и чистачи на чевли, луѓето, озборувањата... Секако, тој го следи и растечкиот страв од нацистите, руската инвазија, политичкиот прогон и апсењата и прогонетите, што ја обликуваа нацијата. „Романса во малото гратче“ e роман полн со нежна наклоност, мека иронија и остри забелешки. Писателот Канович го преживеал холокаустот речиси по чудо. Сега, тој е познат и ценет како чувар на колективното сеќавање на генерациите литвански Евреи и врвен прозен мајстор.
Questions and Answers
You are not logged in