Дом со нула отпад
Автор:
Беа Џонсон
Издавач:
Виг Зеница |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Zero Waste Home: The Ultimate Guide to Simplifying Your Life |
Бр. на страни:
336 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Издадена за првпат во 2013 година во САД, книгата „Дом со нула отпад “ на Беа Џонсон до денес е адаптирана и преведена на повеќе од 20 јазици. Во неа, Беа го споделува личното искуство и почнувајќи од своите пет прости правила за нула отпад - „речи не, редуцирај, реупотреби, рециклирај, компостирај, и тоа само по тој редослед“ - дава насоки и проверени совети како да се отарасиме од непотребните и штетни производи по дома и како посвесно да пазариме независно колку се големи попустите! Од завиткување подароци, правење училишни тетратки и шминки, па сè до алтернативни решенија за пелени и патување без какво било ѓубре – нема што нема во бестселерот на Беа Џонсон. Во сечија животна приказна има(ло) ѓубре. Еве како почнува нејзината: „Не така одамна, нештата беа поинакви: живеев во куќа од речиси 280 квадратни метри, имав два автомобила, четири маси и дваесет и шест столчиња. Неделно фрлав по 280 килограми ѓубре. Денес, колку помалку имам, толку побогато се чувствувам. И не морам да излегувам за да го фрлам ѓубрето! Сè се промени пред неколку години. Големата куќа не изгоре, ниту пак јас станав будист.“ Одлично четиво за сите кои уште сега сакаат да фрлаат помалку ѓубре или да проверат колку „држи“ нивната сомничавост околу нула отпад!
Оценки
Сѐ уште нема оценки.