Ветената земја
Автор:
Владислав Рејмонт
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Ziemia obiecana |
Бр. на страни:
599 |
Димензии:
210x135
|
Корица:
/
„Ветената земја“ е панорамски роман за раѓањето на еден индустриски град. Трогателна слика за бруталните почетоци на капитализмот во срцето на Европа. Фабрики, пожари, беда и лукавство. А среде индустрискиот налет – големи планови, заеднички интереси и пријателство. Нобеловецот Рејмонт со неверојатен раскажувачки размав ги фабуларизирал опсервациите што ги правел во 1896 година во Лоѓ, во тоа време индустриски град што динамично се развивал, мелејќи ги реликтите од одминатите времиња во својата циглена утроба: селото, аристократијата, чесноста, спокојот и префинетите манири. Главниот јунак на романот е токму градот – немирниот град-свет, преплетен од различни култури и карактери, жесток кон послабите, а наклонет кон посилните и одлучните. Богатството е на дофат, а челустите на бедата безмилосно ги докрајчуваат оние што потклекнале со телото или со духот. Во општиот маскенбал, среде сеприсутниот шкарт и вредно колекционираното ѓубре, лежат длабоко погребаните вистински човечки мечти, зраци светлина што продираат низ слоевите нечистотија. Дали „машинската“ стварност на ветената земја е благослов или, поскоро, проклетство? Каде плови оваа џиновска лаѓа и за кого има место на палубата?
Оценки
Сѐ уште нема оценки.