Само една приказна
Автор:
Џулијан Барнс
Издавач:
Матица Mакедонска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
The only story |
Бр. на страни:
212 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
/
Првата љубов има долгорочни последици и го одредува понатамошниот живот, но Пол не го знае овој факт на дeветнаесетгодишна возраст. На, оваа возраст тој е горд што неговата љубовна врска им се спротиставувава на опшествените граници и верувања.По враќањето дома мајка му му предлага да се зачлени во локалниот тениски клуб. Во натпреварот со мешани девојки тој е спарен сo Сузан Меклаунд, добар играч на четириесет и осумгодишна возраст; самоуверена, иронична, омажена жена со речиси возрасни ќерки. Исто така, таа е пријатен другар и меѓу нив веднаш се раѓа врска. И наскоро, неизбежно стануваат љубовници. Фатени еден за друг како животот да им зависи од тоа купуваат куќа во Лондон, за да избегаат од нeговите родители и суровиот сопруг на Сузан. Но, како старее, така љубовта му поставува барања што се многу поголеми отколку што некогаш можел да си замисли. Децении подоцна ќе размислува за тоа како се вљубиле, како ја спасил од ужасниот брак, и како сите нешта полека и неизбежно се распаднале. И ќе сфати дека сеќавањето може потполно да збунува, и да изненадува. Длабокоумна и нежна, „Само една приказна“ е болно прекрасен роман напишан од еден од најголемите познавачи на човечкото срце.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.