Храбри наместо совршени
Автор:
Решма Саџани
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Brave, Not Perfect: Fear Less, Fail More, and Live Bolder |
Бр. на страни:
183 |
Димензии:
21
|
Корица:
/
Во книгата инспирирана од нејзиното популарно излагање на TED talk, Решма Саџани ги охрабрува жените и девојките да ги прифатат несовршеноста и храброста. Замислете си дека живеете без страв дека не сте доволно добри. Дека не ви е гајле како изгледа вашиот живот на „Инстаграм“ или што мислат комплетните туѓинци за вас. Замислете си дека лесно се ослободувате од чувството на вина и сте престанале да се раскинувате себеси поради ситни грешки. Што доколку, при соочувањето со секоја одлука, сте го избрале похрабриот пат? Повеќето од нас се чувствуваат скршени од товарот на нашите сопствени очекувања. Се исцрпуваме себеси, обидувајќи се да ги задоволиме сите, цело време. Си го нарушуваме сонот, размислувајќи да не сме навредиле некого, кои можности да ги пропуштиме затоа што ќе нè извадат од нашата зона на комфорот и како по секоја цена да избегнеме одбивање. Постои причина зошто се однесуваме на овој начин, вели Решма. Како девојчиња, нè учеа да играме на безбедна карта. Родителите и наставниците нè фалеа затоа што сме тивки и учтиви, нè предупредуваа да бидеме внимателни за да не бидеме повредени и нè насочуваа на активности на кои можеме да блеснеме. Проблемот е дека совршеното девојче расте во жена која се плаши да потфрли. Време е да престанеме да дозволуваме нашите стравови да ги потопат нашите соништа и да го стеснат нашиот свет, заедно со нашата шанса за среќа. Со избирањето храброст наместо совршенство можеме да најдеме сила да го зацврстиме нашиот глас, да го оставиме зад себе она што нè прави несреќни и да тргнеме по работите што вистински и страсно ги сакаме. Совршенството можеби нè поставува на патеки на кои се чувствуваме безбедно, но храброста нè води до оној пат што автентично треба да го следиме. Во „Храбри наместо совршени“, Решма споделува моќни согледувања и искуства со кои ќе ни помогне да ја надминеме нашата обука за совршено девојче и да ја направиме храброста наша доживотна навика. Со тоа што ќе станеме храбри наместо совршени сите можеме да станеме креатори на нашиот најхрабар и најсреќен живот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.