Ни беше толку убаво! (Табу II)
Автор:
Сибила Петлевски
Издавач:
Блесок |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Bilo nam je tako lijepo! |
Бр. на страни:
231 |
Димензии:
20 см
|
Корица:
/
Едиција с.р., книга 26 Во вториот дел од трилогијата „Табу“, Сибила Петлевски од сосем друг агол и на сосема поинаков начин проговорува за амблематскиот лик на fin de siècle, Виктор Тауск. Пишуван како биографски роман и семејна сага, романот „Ни беше толку убаво!“ раскажува за психоаналитичарот чиј живот е всушност психограм на дваесеттиот век. Вешто и непрестајно балансирајќи помеѓу стварните факти и фикцијата и играјќи си со нив, Сибила Петлевски низ Таусковиот живот ги провлекува темите кои тоа доба ги отворило, а кои се и ден-денес неизбежни – од прашањата на нацијата и верата, преку сексуалноста и смртта, па сè до слободите од сите видови. Во животот на Виктор Тауск, но и на неговите блиски, особено на сестра му Елка, постојано се преплетуваат еротиката и политиката, љубовта и смртта, одговорноста кон другиот и трајниот копнеж по секаков вид слобода. „Ни беше толку убаво!“ е апологија на потрагата по среќа и потребата по неа постојано да трагаме, а Виктор Тауск е една од оние стварни историски личности кои имале храброст во таа потрага да се внесат.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.