Ова завршува со нас ( мек повез)

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: It ends with us | Бр. на страни: 346 | Димензии: 21x13 | Корица: мека

Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.
Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. По дипломирањето, се сели во Бостон и основа сопствен бизнис. Потоа, кога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро за да биде реално.
Рајл е амбициозен, тврдоглав, па можеби дури и малку арогантен. Но тој исто така е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков.
Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган - нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.
Незаборавна, трогателна приказна за љубов што доаѓа со своја цена.

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди

Report an abuse for product Ова завршува со нас ( мек повез)

Категорија:
ИСБН: 978-608-4672-67-8-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Ова завршува со нас ( мек повез)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *