Тил

Издавач: Артконект | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Tyll / Daniel Kehlmann | Бр. на страни: 336 | Димензии: 14 x 20 cm | Корица: мека

На почетокот на XVII век, кога историјата и митологијата сè уште се преплетени, кога сè уште не постои јасна граница меѓу магијата и науката, кога сè што знаат луѓето се гладот и војната, на сцената на опустошената Европа стапува Тил, комедијант, акробат и дворски шут. Започнувајќи го своето патешествие од едно мало германско село, па стигнувајќи сè до кралските дворови на големите владетелски династии, Тил се обидува да ги открие големите загатки на животот за љубовта, моќта, знаењето, среќата, а притоа, сосем случајно, ја открива бесмртноста.

Инспириран од фолклорните приказни за легендарниот Тил Ојленшпигел, Даниел Келман во својот најнов роман гради една суптилна и сложена приказна која балансира на границите на реалноста и ја преиспитува моќта на книжевноста. Тил е брилијантно дело на еден од најзначајните современи европски автори и, несомнено, досега најдобриот роман на Келман.

Цена: 410 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Артконект

Report an abuse for product Тил

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-4852-73-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Тил”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in