Зелениот капитализам: Богот што потфрли
Автор:
Ричард Смит
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Green Capitalism: the god that failed |
Бр. на страни:
304 |
Димензии:
190x120
|
Корица:
мека
Капиталистичкиот пазарен систем е инхерентно екосамоубиствен. Бесконечниот раст може да заврши само со катастрофален екоколапс. Ниту една доза подисправање не може да ја промени самоубиствената траекторија на пазарниот систем. Поради тоа, сакало или не, човештвото нема друг избор освен да се обиде да најде начин да го замени капитализмот со некој вид посткапиталистичка еколошки одржлива економија. […] Ако сакаме да се спасиме себеси и многуте други видови, тогаш мора да се откажеме од слободата на капиталистите да произведуваат и да продаваат како што сакаат, а потрошувачите да купуваат што сакаат и што можат да си дозволат – за да се стекне поголема слобода за човештвото да дише чист воздух, да има безбедна вода за пиење, да има безбедна храна за јадење, да живее долго и здраво без болести предизвикани од отровни материи, да се обнови една пошумена, чиста, безбедна планета, погодна за живеење, што ќе можеме да им ја пренесеме на нашите деца. Таквата демократска и еколошка економија, се разбира, би била целосно некомпатибилна со капитализмот.
Ричард Смит, Зелениот капитализам: Богот што потфрли
Questions and Answers
You are not logged in