Дното на моето небо

Издавач: Чудна шума | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Дното на моето небо | Бр. на страни: 152 | Димензии: А5 | Корица: мека

Оваа книга ја раскажува интимната, љубовна приказна на една девојка која има преголема доверба во своето момче, кое за краток период се сели да живее заедно со неа во нејзиниот стан. По три преубави години минати заедно, таа ќе се раздели од него и откако ќе увиди тој ѝ е сѐ и дека не може да го замисли својот живот без него, ќе отпатува на тридневен одмор на Бохињското Езеро, кое се наоѓа на 26 км југозападно од Љубљана. Таму ќе се обиде да ги разбистри мислите и да дознае каде се гледа себеси во иднина, но овој пат без него. Дополнителна главоболка ќе ѝ создава и неодамна добиениот отказ од работа во фирма во која работи десетина години. Иако настојува да го потисне секогаш присутното чувство на размислување за него, таа не може да престане да размислува за причината за разделбата. Загубата ѝ се заканува дека ќе ја уништи. Па, затоа ќе почне да копа по минатото и да бара докази. И набргу ќе открие. Љубовта за која се бори главната хероина во романот на Краличин, претставува внатрешна теренска борба во своето свесно расудување, многу повеќе отколку надворешна активност, сакајќи да го реши проблемот што го има во затворениот простор на своето постоење. Борбата е основата за преиспитување на љубовта која ја негувала и таа состојба, која авторката ја опишува на уникатен начин, претставува поттик за надминување на личната состојба кај многу читатели што се наоѓаат во иста или слична ситуација.

Цена: 350 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Чудна шума ИД-Концепт консалтинг и дизајн

Report an abuse for product Дното на моето небо

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-4938-46-0

Чудна шума ИД-Концепт консалтинг и дизајн

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Дното на моето небо”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in