Логиката на колективната акција: Јавни добра и теорија на групи

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: The logic of collective action: Public goods and the theory of groups | Бр. на страни: 192 | Димензии: 140x202 | Корица: /

Постоењето на големи групи со заеднички интерес нe доведува по автоматизам до колективна акција. Мора да постои индивидуална корист за придружување или, пак, принуда. Ова размислување, заедно со она дека малите групи се квалитативно различни од големите, ја формира срцевината на оваа екстремно стимулирачка книга. Значителен е бројот на феномени што се објаснети, како и бројот на веќе постојни идеи што се отфрлени. Економската анализа со голем успех е измешана со политичката теорија и социјологија, што придонесува кон обидите за справување со организационите проблеми.
Денес имаме многу литература со која се прави обид за имплементација на економските анализи во политичките проблеми. Авторот, покојниот проф. Манкур Олсон, еден од водечките американски економисти и социјални научници, е многу успешен и провокативен во своите обиди. Оваа книга дефинитивно отфрла голем дел од непотребниот товар на недоречености во врска со групите. Текстот има извршено влијание врз многу политиколози што работат во областа на организацијата.
Иако алатките за анализа се извлечени од економската теорија, заклучоците од оваа студија се релевантни како за економистите така и за социолозите и за политиколозите. За жал, неекономистите во првата глава ќе наидат на еден или на два кратки дела изразени на еден за нив несроден и непознат начин, но во продолжение ќе читаат едно совршено јасно четиво без оглед на која дисциплина й
припаѓа.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 990 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Логиката на колективната акција: Јавни добра и теорија на групи

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-72-0

1 оценка за Логиката на колективната акција: Јавни добра и теорија на групи

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in