Момо
Автор:
Михаел Енде
Издавач:
ИКОНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Momo |
Бр. на страни:
350 |
Димензии:
14x21
|
Корица:
мека
Меѓународен бестселер, продаден во милиони примероци. Книга којашто ќе ве внесе во магијата на најпрекрасниот свет кој воопшто може да постои. Ова е книга за необичните доживувања на малата Момо, којашто се обидува на луѓето да им го врати украденото време. Со помошта на мудриот учител мајсторот Хора и чудната желка Касиопеја, Момо им се спротивставува на сивите господа, коишто на луѓето им го крадат времето, она време коешто им го посветуваме на другите, и успева да го спаси светот од нивната мрачна власт. Така, приказната за Момо, преку својата бајковидна форма, го поставува прашањето што е тоа време. Момо ни самата не знае баш најјасно, но чувствува колку тоа е важно, па се впушта во заплеткана борба со тие чудни креатури коишто сакаат да ја победат. Тајната, значајна и за нив и за луѓето, се состои во тоа што „времето е живот, а животот престојува во срцето“. Момо, всушност, се бори за самиот живот, за она што претставува негова прва и вистинска вредност. И тука, почнуваме да сфаќаме дека оваа бајка не е баш сосема бајка: како што читаме понатаму, сѐ повеќе сфаќаме дека Михаел Енде сепак ни зборува за нашиот, а не за некој потполно измислен и различен свет. Па согледуваме и дека бајките не се пишуваат само за мали деца, затоа што иако сака да нѐ забавува, Енде не сака да нѐ успие, туку токму спротивното, да нѐ разбуди и да нѐ вознемири. Со својата бајковидна и фантастична приказна, ни соопштува нешто сосема сериозно. Дали и колку сме ја загубиле способноста своето време, своето внимание, својата љубов вистински да си ја подаруваме едни на други? Дали сѐ уште сме во состојба да видиме дека и тоа што го работиме и што го постигнуваме ја губи својата вредност ако нѐ оддвојува од луѓето со коишто живееме, ако нѐ води во лажниот простор на нашата сопствена, само наизглед корисна – корист. Кога заврши со раскажувањето, обајцата извесно време молчевме. Потоа, таинствениот патник додаде уште една реченица, која не сакам да му ја премолчам на читателот. „Ви го раскажав сето ова“, ми рече тој, „како тоа веќе да се случило. Но, можев да го раскажам и така, како допрва да ќе се случи во иднината. За мене тука нема голема разлика.“ – вели писателот на крајот од книгата. Предупредувајќи на опасноста, тој на децата ќе им довери да ги чуваат вистинските вредности на животот. Пишувам за „детето во мене, и за детето во сите нас, ним им ги пишувам моите приказни. Приказни за секое дете од 8 до 80 години“
Questions and Answers
You are not logged in