Раковиот напоредник
Автор:
Хенри Милер
Издавач:
Блесок |
Јазик:
Македонски |
Година:
2009
Оригинален наслов:
Tropic of Cancer |
Бр. на страни:
280 |
Димензии:
140x200
|
Корица:
/
ЗА ПРВПАТ НА МАКЕДОНСКИ! Несомнено еден од најзначајните светски романи, „Раковиот напоредник“ (Tropic of Cancer, Париз, 1934) на Хенри Милер не престанува да предизвикува книжевни дебати и расправии, дури и после 75 години од своето прво издание. Во ова свое прво објавено дело Милер експериментира со книжевниот израз: експеримент кој ќе остави длабоки траги во цивилизациското наследство на современиот роман во дваесеттиот век. Рекоа за романот: Ова е најважната книга во 1930-тите, а Милер е единствениот вреден имагинативен прозаист кој во последните неколку години се појавил во англиското говорно подрачје. Џорџ Орвел Објавувањето на „Раковиот напоредник“ е исклучително значаен настан во историјата на модерната книжевност. Семјуел Бекет „Раковиот напоредник“ е еден од десетте најдобри романи на дваесеттиот век. Норман Мајлер Modern Library: Еден од педесетте најдобри романи на дваесеттиот век! Time: Еден од стоте најдобри романи на сите времиња! Класика! Задолжително читање за секој вистински љубител на книжевноста.
1 оценка за Раковиот напоредник
Questions and Answers
You are not logged in
Никола Петан (верификуван корисник) –