Сон за љубовта и смртта
Автор:
Филип Давид
Издавач:
Блесок |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
San o ljubavi i smrti |
Бр. на страни:
146 |
Димензии:
140x200
|
Корица:
/
Сон за љубовта и смртта, новиот роман на Филип Давид, е магична книга, диптих составен од Кус роман за љубовта и Кус роман за умирањето. Кус роман за љубовта зборува за младиот еврејски научник Јаков кого во соништата го маѓепсува една девојка, неговата совршена втора половина, и тој трагајќи по неа низ световите на живите и умрените, минувајќи низ предели на Источна Европа, се дружи со луѓе и сеништа, за на крајот да се соедини со неа во таинствена церемонија на посмртна венчавка. Кус роман за умирањето ја следи чудесната и необичната судбина на аутистот Ерик Вајс роден 31 октомври 1933 кој, затворен во нацистичката установа за проучување паранормални феномени, после војната завршува во лудница за на крајот, во 1993, да заврши на метафоричен и вистински брод на лудаци. Во двата куси романи се огледуваат и се преплетуваат религиското, мистичното, оностраното, филозофското и историското искуство, а фантастичното и реалното проникнуваат на сосема нов начин. Магиската сила на речениците на Давид, во исто време едноставни и натопени со ерудиција, со многу симболика говорат за најголемите прашања: за постоењето на човекот, за љубовта, за смртта. Во романот Сон за љубовта и смртта, Филип Давид на читателот му дава еден од најубавите книжевни подароци во кој на малку страници и без големи зборови создал уште еден антологиски роман.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.