Менаџирање на ризиците и на финансиските институции
Џон К.Хул е професор по финансиски деривати и управување со ризик на Факултетот за менаџмент „Џозеф Л.Ротман“ при Универзитетот од Торонто. Тој ја наменил оваа книга за обука на менаџери, но воедно може да им послужи и на студентите за проширување и за утврдување на своите претходно стекнати знаења. Во неа се дадени одговорите за најновите случувања кај финансиските институции како, на пример, менаџирањето со ризиците кои стануваат сè поизразени од ден на ден.
Авторот последователно ги разработува темите за ризикот наспроти профитот, работењето на банките и осигурителните компании, пензиските шеми, фондовите, предизвиците што стојат пред финансиските институции, брокерството, ризикот што постои кај каматните стапки, дефинирањето на ризичните вредности и на волатибилноста, кредитните портфолија, кредитниот и оперативниот ризик, проценката на веројатноста за неплаќање на обврските, хартиите од вредност, анализа на разни сценарија, ликвидноста, модели на ризици и повраток на капитал што е приспособен кон ризици. За крај се дадени напатствија кои грешки треба да се избегнуваат при управувањето со ризиците.
Во додатоците се опишани сложените каматни стапки, нулта-стапките и форвард-стапките и кривата на принос, вреднување на форвардите, фјучерс-договорите, своповите, европските и американските опции, Тејлоровите сериски проширувања и манипулацијата на матриците за кредитна транзиција.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 оценка за Менаџирање на ризиците и на финансиските институции
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –