Компаративна литература

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2005
Оригинален наслов: La littérature comparée | Бр. на страни: 146 | Димензии: 140х200 | Корица: мека

Ив Шеврел е долгогодишен професор на Универзитетот - Сорбона во Париз, до неодамна и шеф на Катедрата за општа и компаративна книжевност на истата, автор на повеќе дела кои му создадоа висок углед во универзитетските и научните средини во Франција, но и во светот. Книгата Компаративна литература претставува синтеза на досегашните сознанија и истражувања, но таа е дело кое отвора и нови хоризонти. Со својот нагласен афинитет за правото на другиот, отфрлувајќи го нарцисоидниот франко-етноцентризам, прифаќајќи ја културата како матрица и најплоден хумус на сите литературни пројави, со афирмацијата на интердисциплинарноста и отворањето кон таканаречените „проблематични литературни зони“ (паралитературата, феминизмот, детската литература и др.) при преостанатите концизно и темелно обработени поглавја за историографијата, за книжевните митови и уметничките форми - книгата на професор Шеврел претставува несомнен предизвик за сите кои денес размислуваат за опстанокот на литературата, воопшто, а со тоа и за потенцијалните можности на новите книжевни истражувања, за компаративната книжевна наука и за нејзините утрешни перспективи. - Милан Ѓурчинов

Цена: 250 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Компаративна литература

Категорија:
ИСБН: 9989-144-42-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Компаративна литература”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in