Економетрија на финансиските пазари

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: The Econometrics of Financial Markets | Бр. на страни: 632 | Димензии: 155x235 | Корица: /

Џон И.Кемпбел е професор по применета економија на Универзитетот „Харвард“. Ендрју У.Лоу е професор по финансии на Универзитетот МИТ, САД. Крег А.Мекинлеј е професор по финансии на Универзитетот во Пенсилванија. Искуството на овие тројца автори е прелеано во страниците на оваа навистина посебна книга која третира една современа тема. Сведоци сме дека во последно време за менаџирање на портфолија, тргување со имоти, справување со ризици, финансиски консалтинг и регулирање на обезбедувањата сè повеќе се користат софистицирани статистички техники.
Овој учебник со високо академско ниво е наменет за студенти по докторски или по магистерски студии, како и за сите професионалци во финасиското работење. Содржински е опфатен целиот спектар од емпириски финансии со разновидни модели и анализи. Комбинацијата од теорија и од практика се однесува на сите разгледани финансиски апликации. Конкретно, станува збор за предвидливоста на добивките од активите, микроструктурата на пазарот, анализа при изучување настани, модел на капитално вреднување на имотот, мултифакторни модели за вреднување, односите кај актуелните вредности, моделите на интемпорална урамнотеженост, дериватните модели за вреднување, обезбедувањето на фиксните приходи, условно структурните модели и нелинеарностите во финансиските податоци.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1990 ден

32 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Економетрија на финансиските пазари

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-242-7

1 оценка за Економетрија на финансиските пазари

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in