Економетрија на финансиските пазари
Џон И.Кемпбел е професор по применета економија на Универзитетот „Харвард“. Ендрју У.Лоу е професор по финансии на Универзитетот МИТ, САД. Крег А.Мекинлеј е професор по финансии на Универзитетот во Пенсилванија. Искуството на овие тројца автори е прелеано во страниците на оваа навистина посебна книга која третира една современа тема. Сведоци сме дека во последно време за менаџирање на портфолија, тргување со имоти, справување со ризици, финансиски консалтинг и регулирање на обезбедувањата сè повеќе се користат софистицирани статистички техники.
Овој учебник со високо академско ниво е наменет за студенти по докторски или по магистерски студии, како и за сите професионалци во финасиското работење. Содржински е опфатен целиот спектар од емпириски финансии со разновидни модели и анализи. Комбинацијата од теорија и од практика се однесува на сите разгледани финансиски апликации. Конкретно, станува збор за предвидливоста на добивките од активите, микроструктурата на пазарот, анализа при изучување настани, модел на капитално вреднување на имотот, мултифакторни модели за вреднување, односите кај актуелните вредности, моделите на интемпорална урамнотеженост, дериватните модели за вреднување, обезбедувањето на фиксните приходи, условно структурните модели и нелинеарностите во финансиските податоци.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 review for Економетрија на финансиските пазари
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –