Мажи, пари и чоколада
Автор:
Мена ван Праг
Издавач:
Матица Mакедонска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Men, money and chocholate |
Бр. на страни:
181 |
Димензии:
20 cm
|
Корица:
/
Приказна за потрагата по живот сладок како чоколада и како да бидете среќни пред да го вкусите...
Да се запознаеме со Маја. Тоа е девојка која баш и не е задоволна од својот живот. Уште од малечка помага и работи во кафулето на мајка ѝ Лили. Тоа не е нејзиниот сон и желба, туку на мајка ѝ и затоа решава да се запише на факултет. Една ноќ, учејќи до доцна во библиотеката Маја наидува на една книга, многу посебна за неа и откако ќе ја прочита, таа конечно се пронаоѓа себеси. Знае дека сака да стане писателка. Оттогаш постојано пишува и запишува по нешто кога и каде ќе стигне.
Но тој сон ќе ѝ потрае само шест месеци, бидејќи таа мора да го напушти факултетот за да може да се грижи за мајка ѝ.
По нејзината смрт Маја останува да се грижи за кафулето, затоа што тоа е, повторно, желбата на мајка ѝ Лили. Денот кога ја губи мајка си е денот кога Маја се губи себеси. Нејзин најголем порок е чоколадата и постојано се прашува зошто барем еднаш не може да успее да им одолее на парче торта или кроасан? Светот на Маја го обликуваат нејзините размислувања за мажите, парите и чоколадата како и филмовите во кои често бара прибежиште.
Зошто не се чувствува среќна? Иако длабоко во срцето верува дека навистина може да биде среќна, само не знае како да дојде до неа.
Таа постојано се надева дека ќе ја пронајде љубовта, но во последно време се наоѓа само како размислува за неа или за пропаднатите врски. Секој ден ѝ е исполнет со грижата за кафулето и сметките, постојаната борба со вишокот килограми и на крај тука е нејзината безнадежна вљубеност во Џејк.
Еден дождлив ден Маја ја запознава Роуз, необична жена, која по сè изгледа знае многу за животот, конкретно за нејзиниот. Таа од разговорот со Роуз сфаќа дека е само еден набљудувач на сопствениот живот, место да го живее. Постојано е неисполнета и е во потрага по соништа кои ѝ изгледаат недофатливи. Се чувствува заробена во животот што го живее. Време е веќе да сфати дека животот постојано нѝ поставува предизвици, тешки ситуации, кои треба да се совладаат и да се искористи сето она на што животот ќе нè научи. Не секогаш е среќен оној што постигнал сè што сакал во животот, бидејќи сами ги создаваме сопствените животи и наместо да се жалиме треба да преземеме нешто во врска со тоа!
Всушност Роуз ѝ обрнува внимание на сочувственоста - да сфати дека ништо не ѝ недостига, храброста - да прифаќа предизвици и да не се плаши од неуспех и интеракцијата - да не се плаши од комуникација со луѓето! Што е животот без сето тоа?
1 оценка за Мажи, пари и чоколада
Questions and Answers
You are not logged in
Илина Самарџиева (верификуван корисник) –
Вака би рекла на кратко: пари фрлени во вода.