Наумување
Од перото на Наум Попески, истакнат македонски поет за деца, автор на петнаесетина книги за најмладите читатели, еве нов ракопис, со наслов Наумување – книга за читање и чување. Станува збор за седумдесетина песни за деца од овој наш афирмиран автор, кои, со својата содржина и со пораките што ги носат, ќе ја збогатат македонската книжевност за најмладите читатели и ќе го разубават нивното детство. Книгава е едно расцветано поле за безгрижна игра и растење на децата, кои, другарувајќи со стиховите од нивниот омилен автор, (со кого другаруваат и во читанките по македонски јазик), ќе направат прошетка низ природата, низ татковината, низ убавината, екологијата, но ќе другаруваат и со компјутерот, и со Фејсбукот на интернетот, и со сè она што е во кругот на нивното интересирање.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.