Повикај го Ромео
Што е најлошото нешто што може да ви се случи на Денот на заљубените?
Да ве откачи долгогодишниот дечко? Да морате вечерта да ја поминете сами? Идиот во спортски автомобил да ве испрска со вода од вирче? Кога сето ова ќе се случи, Џулиет ќе помисли дека нејзиниот љубовен живот не може да биде полош. Меѓутоа, таа и не се сомнева дека работите наскоро ќе станат многу покомпликувани... Ќе се покаже дека зад воланот на спортскиот автомобил бил нејзиниот бизнис-соперник (соперник од работа). Џулиет знае дека не би требало да му се доближува, ама тоа не е лесно. Згоден, секси и потполно гламурозен, Сајкс цврсто одлучи да ја шармира и да ја преземе од нејзиниот дечко Вил. Меѓутоа, дали вреди да се ризикува? Дали на Џулиет и Сајкс им е навистина судено или нејзиниот Ромео е сепак многу поблиску до домот?
Џулиет ќе ја сфати вредноста на вистинската љубов во оваа романтична комедија, која зборува за страста, вистината и за тоа како патот до она што навистина го сакаме често е полн трње.
1 оценка за Повикај го Ромео
Questions and Answers
You are not logged in
Весна Лулевска (верификуван корисник) –