Вулф Хол

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Wolf Hall | Бр. на страни: 676 | Димензии: 140х210 | Корица: /

Лондон, почеток на XVI век. Повеќе благороднички семејства се борат за престолот на Англија, но вистинската моќ ќе заврши во рацете на синот на еден обичен ковач. Вулф Хол е приказна за еден од најпознатите реформатори во историјата на Велика Британија, сер Томас Кромвел, кој успева да се издигне на највисоката позиција во кралската хиерархија и да стане главен советник на кралот Хенри VIII. Иако во суштина е историски роман, Вулф Хол е обликуван како политички трилер, преполн со интриги, пресврти и извонредно изградени ликови. Романот е одлична илустрација на Британското кралство, но исто така, и сериозна психолошка студија на главниот лик. За Вулф Хол Хилари Мантел ја доби наградата Букер во 2009 година.

„Вулф Хол го враќа читателот во XVI век, во светот на кралевите, принцезите, бароните, витезите и вештерките. Но Мантел успеала да открие една современа заднина на приказната, поради која имате чувство дека читате модерен политички трилер. Освен тоа, оваа книга е и своевиден портрет на Англија и на луѓето кои ја создале големата Британска Империја и ни нуди директен увид во интригите и политичките игри, во корупцијата и убиствата, во личните трагедии и националните искушенија што се кријат зад официјалната историја која сите добро ја познаваме.“ The Atlantic

Цена: 600 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Вулф Хол

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-283-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Вулф Хол”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in