Крадец на колачиња (101 инспиративна и мотивациона приказна за најважните работи во животот)
Автор:
Џерис О. Авад
Издавач:
Сакам Книги |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
175 |
Димензии:
21х13
|
Корица:
/
Секој живот е приказна која вреди да се раскаже. Секој од нас доживува и преживува настани кои самите по себе се уникатна приказна.
Во тешкото и искушувачко време во кое живееме, навистина е лесно човек да се изгуби и да заборави на вистинските вредности во животот. Оваа книга е вистинска врска со човечното, потсетник за она што е важно во животот. Книгата содржи 101 приказна, секоја уникатна и прекрасна сама по себе, секоја со различна поука и порака која треба да нè потсети на сите работи кои понекогаш ги забораваме. Може да ја чита буквално секој читател од најрана, па до најстара возраст. Приказните се прилично едноставни, како да ги слушате од дете, а сепак сложени и тешки, како да ги раскажува најголемиот мудрец на светот.
Ова е книга која вреди секој да ја има во својата домашна библиотека за да може да посегне по неа секогаш кога ќе почувствува дека губи дел од човечното во себе...
Совет: имајте шамиче во близина кога ќе ја читате оваа книга. Да, длабоко вистинити, страшно тешки и сериозно блиски до секој од нас, овие приказни имаат голема моќ да изнудат солза и од најсилните...
2 оценки за Крадец на колачиња (101 инспиративна и мотивациона приказна за најважните работи во животот)
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
mimoza ilijoska (верификуван корисник) –