Крадци и проститутки
Автор:
Рута Шепетис
Издавач:
Сакам Книги |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Between shades of gray |
Бр. на страни:
260 |
Димензии:
21х13
|
Корица:
мека
14ти Јуни, 1941 година
Тие ме зедоа облечена само во ноќница. Тоа не беше тропање. Тоа беше страшно трескање кое ме натера да потскокнам. Тупаници удираа по нашата влезна врата. Внатре во куќата никој не мрдаше, никој не пушташе глас. Станав и ѕирнав во ходникот. Мајка ми стоеше залепена за ѕидот, нејзините очи затворени, а лицето згрчено од вознемиреност. Таа се молеше.
Советите нѐ натискаа во камион како стока: жени, деца, стари и изнемоштени, штотуку породени со бебиња. „Сите ќе умреме“, полека рече еден ќелав човек во камионот. „Ова е крајот.“ Воз полн со учени луѓе, професори, адвокати, уметници... рекоа сме биле криминалци обвинети за контрареволуционерни активности. Најпочитуваните и најдостоинствените луѓе од Литванија, Латвија и Естонија, а вагонот во кој се возевме беше обележан со табла „Крадци и проститутки“.
Илјадници луѓе во воз за добиток, со по една кофа вода и помија дневно, така поминавме илјадници километри додека да најдат совршено место за да ги скријат своите тајни од светот, за да не скријат нас од светот.
„Ќе те најдам“, ми рече Андриус. Најди ме, се молев секој ден. Најди ме побрзо.
Ужасна тајна на милион луѓе. Во некои војни се работи за бомбардирање. За овие луѓе и оваа војна, се работи за верување.
6 оценки за Крадци и проститутки
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Renata Kraljevska (верификуван корисник) –
Renata Kraljevska (верификуван корисник) –
biskovski18@gmail.com –
Преубава книга, полна со емоции. Еден потресен историски запис, приказна за семејната љубов и силната волја за живот – препорачувам дефинитивно 🙂