Вештерски чекан

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Kladivo na carodejnice | Бр. на страни: 492 | Димензии: 120х200 | Корица: /

Боблиг, лудиот инквизитор и неговите заштитници, кнезот Лихтенштајн и истоимениот бискуп на Оломоуц, грофот Лихтенштајн, во историјата се познати како креатори на морничавите судења на вештерки во доцниот 17 век во северна Моравија.

Боблиг е одговорен за ментална и физичка тортура, понижување и смрт со палење на клада на преку стотина невини жртви. Неговите мотиви се лукративни, па затоа на мета се угледните и имотните граѓани од кои бескрупулозно го приграбуваат имотот.

Свештеникот Криштоф Алојз Лаутнер, популарниот и сакан од народот декан од Шумперк, е еден од малкутемина кои го задржуваат здравиот разум среде масовната хистерија во која секој може да биде обвинет и погубен. Обидувајќи се да го спречи масакрот и тој паѓа како жртва на опскурните обвиненија за инцест и секс со демони.

Вештерски чекан е роман во кој ирационалната бестијалност се претвора во хорор и реалност.

Цена: 490 ден

100 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Вештерски чекан

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-304-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Вештерски чекан”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in