Втора жена во харемот

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 214 | Димензии: 13,5x21 | Корица: мека

Шармантен каков што го познаваме од концертите, од интервјуата, како (кант)автор и изведувач, словенецот Зоран Предин и како писател на збирка интересни и забавни патописи, анегдотни и рептроспективни записи обединети во неговата прва книга преведена на македонски јазик „Втора жена во харемот“.

Во прозното дело преку забавниот стил Зоран Предин потврдува дека е духовит, сериозен, наивен и мудар, емотивен  човек кој настојува да ужива во животот како уметник кој допира до широката публика, притоа успева да им се допадне без додворување, неизневерувајќи го достоинството.

Дваесет и три поглавја не водат низ родителско-туристичко и музичко патување преку Марибор, Љубљана, Загреб, Сараево, Винковци, Битола, Охрид, Ниш, Прилеп, Струга, Лимски канал, Хвар.... до САД, Грузија, Австралија, Ирска, Франција, Чешка, Турска, Кенија, Шкотска, Велика Британија... Зоран Предин успева искрено и отворено да ја препознае убавината на природата, жената, музиката, обичаите и човечкиот дух, дури и како судија на циркусот наречен Евросонг (Даблин, 1997), чии музички императиви го наведоа да ги напише најогорчените страници на книгата. 

 Не станува збор за автобиографија, туку станува збор за патописни линии обединеди низ цртички и белешки од случувања наменети за сопствено памтење. Независно дали е убод од оса во левиот тестис или (можната) средба со ЕлизабетаII, Предин за себе и за своите особености, животниот и уметничкиот пат, од она што е креативно создаден, зборува поописно и поимпресивно од многу други автори на дебели биографии за некој музичар или бенд. На дваест и пет страници за „Приказна за Лачни Франц“ успева да го долови моментот на создавање и трасирање на кариерата на овој авагарден југословенски рок состав од осумдесеттите години, преку одлични коментари, забелешки и проценки, напишани од бесценети и единствени позиции на инсајдер и главен автор, кој на емотивен, субјективен и реален начин го претставува заедничкиот дух на еден  фронтмен на југословенскиот нов бран кој дебитираше со „Икебана“ во 1981, еден од најдобрите албуми во тоа време.

Цена: 350 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Втора жена во харемот

Категорија:
ИСБН: 978-9989-32-724-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Втора жена во харемот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in