Европејци
Автор:
Хенри Џејмс
Издавач:
Конгресен Сервисен Центар |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
177 |
Димензии:
20 cm
|
Корица:
/
/Тешко ќе се најде поголем Европеец меѓу американските писатели од Хенри Џејмс. Таквиот статус му прилега не само поради фактот дека поголемиот дел од животот го поминал на стариот континент, а пред смртта добил и британско државјанство. И други американски автори – Езра Паунд, Томас Стернс Елиот, Ернест Хемингвеј, Френсис Скот Фицџералд се меѓу најпознатите ‒ ќе живеат, кој покусо кој подолго, како експатриди, доброволни изгнаници. Тие во Европа доаѓале заради инспирација и поубав или поевтин живот, а понекогаш и поради своите убедувања. За разлика од нив, во својот опус Хенри Џејмс најдиректно ја тематизира фасцинацијата од европската култура и неуморно се посветува на растајнување на суптилните нијанси во односите меѓу стариот и новиот свет.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.