12 чекори до сурова храна

Издавач: Нутри Вита | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: 12 steps to raw food | Бр. на страни: 256 | Димензии: 20 | Корица: мека

Првото издание на „12 чекори до сурова храна“ (објавено 2000 год.) беше извонредно. Второто издание е маестрално. Последниве години Викторија Бутенко воведе целосно нов приод кон исхраната и стана вистински гуру за сурова храна.Ни овозможи во детали да се запознаеме со сите предности на суровата храна. Иако главната намена на оваа книга е да ни помогне да сфатиме на какви опасности сме изложени јадејќи преработена храна, Викторија тука опширно говори и за благотворното дејство на суровата храна врз нашето физичко и психичко здравје.
д-р Габриел Коузинс

„Сензационално! Сите причини во корист на суровата храна убаво објаснети и на едно место. Задолжително четиво за сите оние кои сакаат да бидат повитални, посреќни и поуспешни во животот.“
Виктор М. Виеира
доктор по киропрактика, член на Меѓународната академија за клиничка акупунктура

„Чудесна книга полна со корисни информации за луѓето кои сакаат да дознаат повеќе за односот меѓу хранливите состојки во исхраната и нашето здравје. Викторија Бутенко поставува важни прашања и ги истражува сите патишта кои би можеле да доведат до нови одговори. Заклучоците до кои овде дошла се исклучително вредни, често изненадувачки и секогаш поучни.“
д-р мед. Мелвин Л. Исков

„Замислете што би се случило во нашето општество кога луѓето би ја презеле одговорноста за сопственото здравје и добродетел. Книгата на Викторија Бутенко е добра подлога за еден таков чекор во нашето размислување и во нашиот секојдневен живот.“
Жанет Вос
доктор по педагогија, коавторка на книгата Револуција во учењето и Нова револуција во учењето

Цена: 300 ден

49 на залиха

Спореди
Продавач НУТРИ ВИТА

Report an abuse for product 12 чекори до сурова храна

Категории: ,
ИСБН: 978-608-65399-1-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “12 чекори до сурова храна”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in