21 лекција за 21 век

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: 21 lessons for the 21st century | Бр. на страни: 387 | Димензии: 21 см | Корица: тврда

Што точно се случува сега? Кои се најголемите предизвици и избори што стојат пред човештвото? Зошто демократијата е во криза? Што можеме да направиме за епидемијата од лажни вести? Која цивилизација доминира со светот? Што треба да ги учиме нашите деца?

Во дваесет и едно поглавје, секое длабоко и провокативно, се презентираат комплексните современи предизвици на јасен и достапен начин, предизвикувајќи го читателот да ги земе предвид вредностите, значењето и личниот ангажман во овој свет полн со неизвесност. Некои делови од книгата се посветени на технологијата и на нејзиниот развој, некои на религијата, некои на уметноста, на човечката мудрост. На секој проблем му е посветено по едно поглавје: илузиите и работата, слободата и еднаквоста, заедницата, цивилизацијата, национализмот, религијата, имиграцијата, тероризмот, војната, секуларноста, незнаењето, правдата, образованието, медитацијата.

Харари нѐ подготвува за иднина која многу ќе се разликува од сегашноста и ни укажува на прашањата што треба да си ги поставиме за да преживееме. Како што објаснува самиот, книгата претставува збир на одбрани лекции кои не завршуваат со едноставни одговори, туку имаат цел да поттикнат понатамошни размислувања.

Цена: 500 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product 21 лекција за 21 век

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-700-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “21 лекција за 21 век”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in