3 минути и 53 секунди
Автор:
Берт Стајн
Издавач:
Готен |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
3 минути и 53 секунди |
Бр. на страни:
160 |
Димензии:
100 x 10 x 150 cm
|
Корица:
мека
Според пребарувачот „Гугл“ (Google), 3 минути и 53 секунди е просечното траење на една модерна песна, а толку време би му требало просечно на еден читател да прочита еден расказ од книгава. Се работи за една историска анализа, не само на музиката како рефлексија на општествените и политичките збиднувања во светот и кај нас, туку за една поширока општествено-културолошка анализа која оперира на три нивоа. Првото ниво е локалното, преку кое се истражува историјата на овие простори во конкретниот период и нејзината корелација со глобалните збиднувања, но и личните приказни на протагонистите во оваа книга. Второто ниво е глобалното, преку кое авторот се обидува да го анализира нашето место среде светските збиднувања и како тие се одразиле на нашата реалност. Третото ниво е индивидуалното, т.е. интимното гледиште на авторот за сите тие локални и глобални збиднувања, испреплетени со неговата лична историја. Книгата е конципирана да се прочита и доживее како еден музички албум, и попатно може да се слуша музиката за која што се зборува на овој линк.
Questions and Answers
You are not logged in