75

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: 75 | Бр. на страни: 272 | Димензии: 14,5х20,5 | Корица: мека

Книгава со наслов „75“, а на извесен начин истиот надополнет и дообјаснет со зборовите „автобиографско-монографски записи “, како и дополнителното појаснување дека тие се однесуваат „од почетокот на младоста до крајот на староста“ навестува една мошне оригинална, необична и несекојдневна публикација.

Во неа се поместени рамно 75 записи, односно раскази – како и да ги наречеме, нема да погрешиме, бидејќи следејќи ги натаму, ќе дојдеме до неизбежниот заклучок дека сите тие се стокмени и оформени со едно филигранско совршенство и осмисленост.

Инвентивноста, како и шеговитоста на Кујунџиски искажана најчесто „на негова сметка“, не го напуштиле ни во оние ситуации во кои тој опишува и тешки и животозагрозувачки мигови. И настани што тој лично ги доживеал и преживеал. И радосните и среќни слики, но и неприликите, и доброто и лошото, и светлото и темното, и смешното и тажното, сè е вградено во оваа колосална градба на авторовата ерудиција, елоквенција и имагинација. Градба во која се вградени коцки со сите можни бои и сите се создадени со љубов и искреност до степен на исповед…

Цена: 400 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product 75

Категорија:
ИСБН: 978-608-66832-1-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “75”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in