75
Author:
Александар Кујунџиски
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
75 |
Num. of pages:
272 |
Dimensions:
14,5х20,5
|
Cover:
мека
Книгава со наслов „75“, а на извесен начин истиот надополнет и дообјаснет со зборовите „автобиографско-монографски записи “, како и дополнителното појаснување дека тие се однесуваат „од почетокот на младоста до крајот на староста“ навестува една мошне оригинална, необична и несекојдневна публикација. Во неа се поместени рамно 75 записи, односно раскази – како и да ги наречеме, нема да погрешиме, бидејќи следејќи ги натаму, ќе дојдеме до неизбежниот заклучок дека сите тие се стокмени и оформени со едно филигранско совршенство и осмисленост. Инвентивноста, како и шеговитоста на Кујунџиски искажана најчесто „на негова сметка“, не го напуштиле ни во оние ситуации во кои тој опишува и тешки и животозагрозувачки мигови. И настани што тој лично ги доживеал и преживеал. И радосните и среќни слики, но и неприликите, и доброто и лошото, и светлото и темното, и смешното и тажното, сè е вградено во оваа колосална градба на авторовата ерудиција, елоквенција и имагинација. Градба во која се вградени коцки со сите можни бои и сите се создадени со љубов и искреност до степен на исповед…
Reviews
There are no reviews yet.