Акустика на простории

Publisher: Емитер | Language: Македонски | Year: 2009
Original title: Акустика на простории | Num. of pages: 60 | Dimensions: A5 | Cover: /

Основна теорија за акустичките процеси во затворени простории, посебен осврт за говорна и музичка акустика, анализа и пресметка на разни видови апсорбери и дифузери, пресметка на времето на реверберација...

Во последните две децении во Македонија профункционираа мноштво аудио, видео, радиски и ТВ-студија. Со малку исклучоци, за жал, нивната акустичка обработка претежно се сведуваше на искуствена обработка, со делумно користење на странска литература, без математички пресметки и без акустички мерења. Сè се оставаше на слушните тестови кои многу се подложни на субјективизам, иако не може да се порекне нивната важност. Брошурата АКУСТИКА НА ПРОСТОРИИ од Миле Серафимовски нуди можност акустичката обработка да се направи стручно и квалитетно. Содржи објаснувања за сите значајни поими, појави и пресметки од акустиката на просториите, како и многу цртежи, графици и обемни табели со податоци за акустичките особини на разни материјали. Материјата е изложена преку четирите поглавја: 1. Звучни процеси во затворени простории; 2. Говор и музика; 3. Апсорпциски материјали; 4. Пресметување на времето на реверберација.
Брошурата претставува обид да се внесе повеќе објективност во квалитетното создавање на акустички студиски простор, да го увери читателот дека акустичката обработка е далеку од покривањето на ѕидовите со најевтиниот материјал. Сметаме дека оваа брошура ќе придонесе во иднина да се потисне аматеризмот, да превладее професионалниот однос кон оваа проблематика кој ќе доведе до квалитетно акустички обработени простории.

Price: 100 ден

13 in stock

Compare
Sold By Емитер

Report an abuse for product Акустика на простории

Category:
SKU: 978-608-4584-00-1

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Акустика на простории”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in