Аквариум

Издавач: ИЛИ-ИЛИ | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Akvárium | Бр. на страни: 300 | Димензии: 20х13 | Корица: /

За безвоздушната атмосфера на педесеттите и секојдневноста на трагедиите.

Во овој роман сите се сираци. Девојчето посвоено кон крајот на четириесеттите (Ромче посвоено од Евреи што го преживеале Холокаустот), нејзините воспитувачи, родителите, нејзиното дете и сопругот, сите роднини и познајници: сите без исклучок недостатокот на љубов го сметаат за единствена прифатлива состојба што можат да ја доживеат. Луѓето си го живеат својот живот во една трошна галерија на една зграда со излупени ѕидови каде мириса на вариво, тука се борат за живот, на дофат на бедата и оддалечени светлосни години од животот што го замислуваат како нормален. Сепак, задушените емоции понекогаш избиваат и на тие точки се менува нивниот живот. Тој потиштувачки, тесен, но истовремено и проѕирен свет го претставува Аквариумот. Кристина Тот има одлично чувство за пропорции, ги комбинира натурализмот, иронијата и црниот хумор, прочистувајќи нè преку „катарзата на секојдневието“, соочувајќи нè со периодот на нашиот живот кој многу тешко го прифаќаме и којшто толку длабоко навлегува во нашата колективна потсвест. 

Цена: 299 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Или-Или

Report an abuse for product Аквариум

Категорија:
ИСБН: 978-608-4770-42-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Аквариум”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in