Александар Македонски : наследникот на власта

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Александр Македонский : наследник власти | Бр. на страни: 415 | Димензии: 140х200 | Корица: /

Втор роман на Нелја Гулчук од трилогијата романи за Александар Македонски. Во овој роман авторката ја раскажува приказната за Александар и за неговото царство преку призмата на еден од неговите најблиски пријатели, војсководецот Селевк, кој подоцна бил основач и управител на истоимената царска династија на Блискиот и Средниот Исток. Всушност, таа раскажува за периодот на последните години на владеење на големиот македонски владетел и на поделбата на големото македонско царство на неколку помали царства. По смртта на Александар Македонски во империјата почнала борбата за престолонаследник, во која главни соперници станале дотогашните соборци и пријатели на војсководецот Александар – Пердика, Антипатар, Лизи­мах, Антигон, Птоломеј, Селевк и др. Гулчук раскажува подробно за текот на сложените и тајни перипетии на учесниците во судирите – довчерашните другари и соборци. Во сето тоа има и многу интриги и борбени и љубовни страсти – кои се покажале како главен инструмент во политиката... Всушност, Гулчук раскажува за еден период од историјата на античка Македонија, како нејзин добар познавач.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 400 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Александар Македонски : наследникот на власта

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-037-7

Questions and Answers

You are not logged in