Алхемија на 21 век

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2013
Original title: Алхемија на 21 век | Num. of pages: 64 | Dimensions: 10x20 | Cover: /

Само оваа недела, попуст од 20% на првата книга на шармантиот млад писател Душко Крстевски.   Идејата на Јулија Кристева со која се истакнува дека авторите не ги создаваат своите текстови од нивните сопствени оригинални умови, туку радо ги компилираат од претходно постоечките текстови е силно манифестна во стиховите на Душко Крстевски особено во неговата страст да (пре)создава нови/ свои митови како оној за пресоздадената Ева (мајка-жена-сопруга). Неговата поетска свест оперира со митотворни искуства. Како што Ками од митот за Сизиф ја создаде модерната теорија на апсурдот или Пикасо од африканските маски дојде до една своја димензија во кубизмот, така и од Крстевски се очекува да понуди една своја митопоетика која израснува од убиените митови (…) Познатата тријада вера-надеж-љубов ја пресоздава во свои/ лични тријади на: песок-море-школка или плач-душа-(огнено) срце. Ова искуство што ни го нуди Душко Крстевски ја потврдува оригиналната идеја за создавање на литература од литература, или уште пошироко сфатена како создавање култура од култура, што е пишување како континуитет, пишување како одговор, или повторно пишување. Весна Мојсова-Чепишевска   Јазикот е свеж и мошне култивиран, на моменти функционира како хибрид од урбан сленг и музички идиоми, изобилува со ритмичност и гномичност. Поетскиот израз се одликува и со еден суптилен еротизам, но и со доза на блага иронија (…) Во оваа пригода, би ја истакнала философската сентенција како евидентна стилска доминанта во постапката на Душко Крстевски, на која тој особено инсистира и сосем успешно ја вградува во својот поетски светоглед. Одлично едуциран и солидно упатен во литерарните феномени, овој млад и мошне талентиран автор, на моменти, води дијалог, дури и креативно спори, со некои познати имиња и дела од книжевната историја, како и со некои востановени норми и вредности. Развиениот сенс за поезија, пак, ми дава за право да верувам дека се работи за автор кој и во иднина многу ветува. Лидија Капушевска-Дракулевска   Душко Крстевски е роден на 22 мај 1981 година во Скопје, каде се школува и каде моментално работи. Дипломира на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при Скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј” каде моментално е магистранд по македонска литература. Определен период работи како предавач-демонстратор по современа македонска литература во Скопје, а неколку години и како професор по македонски јазик и култура во програмата на Американскиот мировен корпус во Македонија. Учествувал на повеќе семинари и летни школи од областа на филологијата. Во слободно време пишува поезија и есеи. Застапуван е во неколку антологии на македонската млада поезија. Неколкупати е учесник на Ноќите без интерпункција, поетско дефиле на младите поети во рамките на интернационалниот фестивал на поезијата Струшки вечери на поезијата. Преведува од бугарски јазик како за домашната културна сцена, така и во рамките на интернационалниот проект „Across Europe”. Исто така, преведува и од хрватски и од српски јазик. Моментално е уредник во издавачката куќа „Табернакул” во Скопје.  
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings

Price: 200 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Алхемија на 21 век

Category:
SKU: 9786084507932

Questions and Answers

You are not logged in