Алиф и Зен – Патот до Мардан
Author:
Никола Темков
Publisher:
Стрип Квадрат |
Language:
Македонски |
Year:
2017
Original title:
Алиф и Зен - Патот до Мардан |
Num. of pages:
44 |
Dimensions:
30
|
Cover:
мека
Алиф и Зен е стрип албум во колор, на 44 страници, кој опфаќа еден интересен и тотално непознат за нас период од историјата на Индија, поточно Пакистан. Во тоа време, некаде околу средината на 17-тиот век, Пакистан и Индија биле под големата монголска империја предводена од наследниците на Џингис Кан, а во тие предели полека но сигурно се наметнувала една друга империја од запад, Обединетото Кралство, поточно Англија. Овде поминувале главните патишта на свилата и зачините, и трговијата со нив била од голем интерес за големите империи. Во едни такви околности, нашите јунаци, Алиф и Зен, жители на едно мало село во северот на Пакистан, од земјата на Хунзите, тргнуваат во авантура да пренесат еден товар со зачини до нивниот пријател, преку несигурната територија на Пакистан, па се до крајот на Индија. И самите сметајќи се како наследници на војските на Александар, тие се бестрашни, и немаат проблем да ги пребродат безбројните закани на патот, во вид на друмски разбојници, англиски узурпатори, па и разни државни војски на тогашната монголска империја. На крајот по разни перипетии и случки, што опасни, што комични, некако успеваат да стигнат кај нивниот пријател, кој прави забава по повод отворањето на нов ресторан. А ресторан без зачини не бива, нели?
Questions and Answers
You are not logged in