Американски прирачник за клиничка стоматологија
Овој прирачник е полн со најсовремени совети засновани врз цврсти докази надополнети со експертиза и со проценка од страна на искусните уредници - основа за секој студент, практикант, специјализант, интернист или матичен лекар, при изучувањето и практицирањето на историјата и испитувањето, превентивната и јавна стоматологија, детската стоматологија, ортодонцијата, пародонтологијата, реставративната стоматологија, мобилната протетика, оралната и максифацијална хирургија, оралната медицина, терапевтиката, аналгезијата, анестезијата и седатацијата, денталните материјали, судската практика и за разни други корисни информации.
Уредници на ова издание се д-р Џон Д.Дa Силва, доцент на Катедрата за реставративна стоматологија и наука за биоматеријалите и директор на стоматолошкиот центар при Универзитетот „Харвард“ и неговите колеги Дејвид А.Мичел и Лора Мичел.
Како и сите останати прирачници од оваа едиција и овој ја задржува репутацијата изградена врз основа на најдобрите клинички информации. Секој прирачник е внимателно прегледан од страна на поискусни експерти во дадената област, специјализанти и студенти како би се задржала реалноста и достапноста на содржината во секојдневната медицинска практика. Овој прирачник е задолжителна содржина во џебот на секој стоматолог. Тој ви е секогаш при рака, во секоја ситуација и на секое место. Медицинари повелете, сега е сервиран и на македонски јазик.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на medicina@arslamina.com.
2 reviews for Американски прирачник за клиничка стоматологија
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –