Англиско-македонски текстилен поимник
Publisher:
Датапонс |
Language:
Македонски |
Year:
1996
Original title:
Англиско-македонски текстилен поимник |
Num. of pages:
347 |
Dimensions:
130х200
|
Cover:
/
Овој поимник обработува околку три илјади поими кои се среќаваат во текстилната технологија, при што за поедноставните е дадено буквално значење, а посложените, повеќезначајните се поопширно објаснети и дополнети со слики и дијаграми. Во Поимникот се внесени поими од специјалистичките текстилни технологии (предење, боење, ткаење, доработка, неткаен текстил, текстилна хемија, технологија на влакна), додека поими од општата техничка терминологија и терминологијата од секојдневниот говорен јазик се дадени само во обем и значење кои се во тесна врска со текстилната технологија. Овој стручно-научен труд е наменет за студентите од текстилната насока, а може корисно да им послужи на сите стручни кадри вработени во текстилната индустрија и научните институции, чиј домен на работа и истражување е текстилот.
Questions and Answers
You are not logged in