Англиско-македонски ветеринарен речник
„Англиско - македонскиот ветеринарен речник“ е подготвен со цел да пополни една празнина во областа на лексикологијата на ветеринарната наука и да биде помагало на студентите по ветерина и на научните и стручни работници коишто го употребуваат англискиот јазик во областа на ветерината и другите сродни научни дисциплини. Во исто време, речникот може да биде користен во многу домови како потсетник, прирачник и помагало, бидејќи во него се застапени зборови, изрази, термини и поими сврзани со ветеринарната струка и другите блиски науки и области на англиски и на македонски јазик.
Во овој речник, кој е прва публикација од ваков вид кај нас, собрани се околу 15.000 зборови кои се употребуваат во ветеринарската стручна литература. Во него се поместени термини од ветерината, сточарството, земјоделието и другите сродни науки, со акцент на анатомијата, физиологијата на домашните животни, заштитата, одгледувањето, производството, преработката на сточните производи, репродукцијата и исхраната на добитокот, преработката на млекото, месото и други производи, како и термини од механизацијата во ветерината, земјоделието и сточарството. Исто така, во речникот се собрани и термини од паразитологијата, ентомологијата, фитопатологијата, пчеларството, ловот и риболовот.
The English - Macedonian Veterinary Dictionary consists of approximately 15.000 words and terms, expressions and notions connected with the veterinairian sciences. The English language covers a very great area and it is the language in which most of the professional and scientific books are written. Numerous magazines and various scientific and professional journals and reviews of different sciences been written in English. It is one of the most important languages-in the world. English is the language of science, technology, correspondence, art and business...
The English-Macedonian Veterinary Dictionary is a great contribution to the veterinarian scientific work. During its preparation, the authors used the latest dictionaries, encyclopaedies, lexicons, glossaries, scientific publications and other literature and aid in English, Russian, French, German, Bulgarian, Serbo-Croatian and Macedonian.
Reviews
There are no reviews yet.