Антропологија на смртта : поимањето на смртта во народната култура на македонците
Автор:
Љупчо С. Ристески
Издавач:
Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија (ЦЕИПА) |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Антропологија на смртта : поимањето на смртта во народната култура на македонците |
Бр. на страни:
128 |
Димензии:
25 см
|
Корица:
мека
Книгата на „Антропологија на смртта: поимање на смртта во народната култура на Македонците“ од авторот Љупчо С. Ристески, редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија, УКИМ, е антрополошка студија која врз богат етнографски материјал ги третира прашањата поврзани со смртта и нејзиното поимање во народната култура на Македонците. Оваа книга е резултат на повеќегодишна истражувачка работа и на проучувања во сферата на традициската култура, особено на обредноста поврзана со смртта во Македонија. Овој ракопис се надоврзува на една од неговите претходни книги посветени на разбирањето на смртта во еден предел во Македонија, во Мариово. Ракописот нуди продлабочена, компаративна, семиотичка анализа на обредните активности и знаења поврзани со смртта и нивно толкување со цел соодветно разбирање на некои за нас „необични“ обредни практики, од денешна гледна точка. Љупчо С. Ристески е редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и повеќе од 25 години се занимава со проучувања на народната религија и митологија на Македонците и останатите словенски заедници на Балканот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.