Антропологија на смртта : поимањето на смртта во народната култура на македонците

Original title: Антропологија на смртта : поимањето на смртта во народната култура на македонците | Num. of pages: 128 | Dimensions: 25 см | Cover: мека

Книгата на „Антропологија на смртта: поимање на смртта во народната култура на Македонците“ од авторот Љупчо С. Ристески, редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија, УКИМ, е антрополошка студија која врз богат етнографски материјал ги третира прашањата поврзани со смртта и нејзиното поимање во народната култура на Македонците. Оваа книга е резултат на повеќегодишна истражувачка работа и на проучувања во сферата на традициската култура, особено на обредноста поврзана со смртта во Македонија. Овој ракопис се надоврзува на една од неговите претходни книги посветени на разбирањето на смртта во еден предел во Македонија, во Мариово. Ракописот нуди продлабочена, компаративна, семиотичка анализа на обредните активности и знаења поврзани со смртта и нивно толкување со цел соодветно разбирање на некои за нас „необични“ обредни практики, од денешна гледна точка. Љупчо С. Ристески е редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и повеќе од 25 години се занимава со проучувања на народната религија и митологија на Македонците и останатите словенски заедници на Балканот.

Price: 250 ден

2 in stock

Compare
Sold By Табахон

Report an abuse for product Антропологија на смртта : поимањето на смртта во народната култура на македонците

Category:
SKU: 978-608-66442-3-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Антропологија на смртта : поимањето на смртта во народната култура на македонците”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in