АПЕЈРОН II
Author:
Михаил Куртески
Publisher:
Нов Вавилон |
Language:
Македонски |
Year:
2019
Original title:
АПЕЈРОН II |
Num. of pages:
88 |
Dimensions:
12,5 cm x 21 cm
|
Cover:
мека
„Апејрон II“ од Михаил Куртески претставува филозофско-поетско дело, креирано од четириесет и девет песни, кои се распределени во пет поетски циклуси. Поетот на автохтон начин ги обработува темите на неопределеното и бескрајното како поетична дедукција што од себе ги издвојува четирите основни елементи: воздух, оган, вода и земја, што античкиот филозоф Анаксимандар ги земал како праоснова на сѐ. Паралелно на тоа како главен јунак во театарот на животот, создава интересни поетски дилеми и кованици (Створец, Себевид) од кои ги извлекува своите етиолошки модалитети. Оди чекор подалеку гледајќи го просторот како архе, каде светот создава дилема, создавајќи се од ништото: ex nihilo nihil fit, низ познатата експресија на Парменид. Во „Апејрон II“ филозофските дилеми се приближуваат и се судираат како галаксии што неминовно се осудени на тоа. И поетот можеби најмногу наликува на пророк, како измислениот или вистински, сеедно Калахант, па да прорекне како може да се освои Троја, ако ја сфатиме како синоним за вечна желба на освојувачите, па поетот итро да каже: „Напиши си песна живот што ќе значи“.
Reviews
There are no reviews yet.