Апокалипса.мк
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
236 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Авторот уште со првите зборови го позиционира делото како истражување на идејата: „Дали уметноста го имитира животот или животот ја имитира уметноста,“ која се чини дека е лајтмотив на овој роман. Во оваа приказна за една Македонија од иднината, или подобро речено од паралелна реалност, главните ликови Тома Хансов, писател, и Никола Слејт, научник, поминуваат низ низа премрежја во обидот за барање смисла среде хаосот што ќе ги снајде. Нова Македонија е тоталитарна држава во духот на Океанија од делото „1984“ на Џ. Орвел и содржи елементи на „Прекрасниот нов свет на“ А. Хаксли. Сепак, авторите на овие дела биле инспирирани од нивната фантазија, додека авторот на „Апокалипса.мк“ бил инспириран од реалноста, во духот на поговорката дека понекогаш „реалноста е почудна од фикцијата“. Секој што ја преживеал транзицијата во Македонија која сѐ уште транзитира од една до друга станица на патот што не води никаде, ќе може да ги препознае тие елементи од реалноста во редовите на оваа книга. Македонија созреа за еден вистински дистописки роман во духот на светските класици и авторот ѝ го нуди тоа на својата земја бидејќи после сѐ, таа навистина го заслужува тоа.
Цена: 250 ден 150 ден
Распродадено
Извести ме кога производот ќе биде на залиха
Спореди
Anonymous (верификуван корисник) –