Архитектура: елементи, материјали, форми
Со повеќе од 2.000 години историја на архитектурата, оваа богато илустрирана книга ги дефинира и ги покажува сите главни компоненти на уметноста – од теорија, планови и модели до конструктивни елементи, како столбови, сводови и куполи, материјали и декоративни елементи. Со прекрасните фотографии во боја, на речиси секоја страница и прецизните прикази кои директно укажуваат на важните аспекти од секоја фотографија, ова книга нуди визуелна граматика, лесна за употреба, за начините на кои се употребувани во градењето елементите од архитектурата низ годините во целиот свет – од Западна Европа и Грција, преку двете Америки, Блискиот Исток, Кина, Јапонија, Индија и Африка. Секој запис вклучува дефиниција, илустрирани примери и детална анализа и објаснување, претставени во контекст на историската еволуција. Се прави споредба на познати и помалку познати објекти од многу различни места и времиња, притоа нудејќи за експертите изненадувања достојни за восхит, а за останатите читатели и студентите информативен и пријатен вовед.
Франческа Прина е независен историчар на уметноста со специјализација во историја на архитектурата. Има издадено повеќе книги со оваа тематика меѓу кои „Илјада години светска архитектура“.
Особено привлечно влијае способноста на авторот за илустрирање на еволуцијата на модерните згради од постарите и поедноставни форми кон актуелните трендови. На две последователни страници се поставени една покрај друга две фотографии, кои прикажуваат сосема различна примена на еден ист архитектонски елемент. Може да констатираме дека „Архитектура: елементи, материјали, форми“ е воодушевувачка и мошне оригинална книга. Таа поседува голема доза на живост што произлегува од големата визуелна чувствителност на авторот за формите.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на arhitektura@arslamina.com.
1 review for Архитектура: елементи, материјали, форми
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –