Астрални проекции

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2012
Original title: Астрални проекции ; Пресоздавање на времето | Num. of pages: 140 | Dimensions: 200х125 | Cover: /

Кон песните од оваа книга, во ова второ издание, како поговор е приложен критичкиот текст „Возвишен пев“ на Светлана Христова Јоциќ, а второто издание е дополнето со уште еден дел со медитации, лирски есеи и проекции со наслов „Пресоздавање на времето“.  За „Астрални проекции“ може да се констатира дека станува збор за поезија која, очекувано, се препознава, особено ако се имаат предвид претходни поетски дела на Радически – „Контрасти“ и поемата „Преображение Човеково“. Во „Астрални проекции“ станува збор за еден подалекусежен поетско-истражувачки исчекор на авторот, а во однос на претходните книги авторот продлабочува некои поетски идеи и на некои мотивско-тематски рамништа се дорекува. Низ педесетината песни, поделени во неколку целини, поетот Науме Радически ги дорекува, всушност, своите мисловни, а уште повеќе емотивни проникнувања во заумните сфери на животот, на човековото битие и на неговото битисување со умот, односно, несфатливите кругови на просторот и на времето.

Price: 200 ден

2 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Астрални проекции

Category:
SKU: 978-608-225-058-8

Questions and Answers

You are not logged in