Атлас на човечката анатомија на пресеци, снимки КТ и МР

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Human Sectional Anatomy Atlas of Body Sections, CT and MRI Images | Бр. на страни: 228 | Димензии: 235x313 | Корица: /

Со овој атлас се поставени нови стандарди за квалитетот на пресеците од кадавери и придружните радиолошки снимки. Опишани се процедурите за правење на пресеците и начинот како е постигнат соодветниот квалитет. Во ова последно издание, за разлика од претходните две, квалитетот е подобрен со збогатување на материјалот во поглед на нови радиолошки снимки направени со најсовремена опрема, со што истовремено е подобрена и визуелизацијата на анатомијата. Покрај снимките, има нови проширени корисни белешки со детали за важните анатомски и радиолошки карактеристики.
Автори се:
Харолд Елис, професор по применета клиничка анатомија и применети биомедицински истражувања, вработен во болницата „Гај“ во Лондон, Бари М. Логан, раководител на Катедрата по анатомија на Универзитетот „Кембриџ“ и Адријан К. Диксон, професор на Катедрата за радиологија при Универзитетот „Кембриџ“ и консултант-радиолог во болницата „Аденбург“.
Со овој атлас, авторите направиле комбинација од три различни презентации на анатомските напречни пресеци - оние од салата за дисекции, од КТ (компјутерската томографија) и оние од МР (магнетната резонанција). Пресеците се однесуваат на мозокот, главата, вратот, градниот кош, абдоменот, карлицата,  на долните и горни екстремитети. Сите 119 пресеци што се дадени во боја и детално објаснети се наменети за студентите, хирурзите и за радиолозите.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
medicina@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1990 ден

49 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Атлас на човечката анатомија на пресеци, снимки КТ и МР

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-013-3

1 оценка за Атлас на човечката анатомија на пресеци, снимки КТ и МР

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in